Светиот крст во Скопје го фати Кристијан Ниневски

Дваесет и петгодишниот Кристијан Ниневски од Скопје го фати светиот крст што архиепископот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан го положи во водите на реката Вардар во Скопје.

 

Ниневски првпат го фаќа крстот, а веќе шест години учествува на традиционалната манифестација што во Скопје се организира по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици.

 

– Здравје и среќа за сите, Бог се јави, изјави кратко Ниневски откако го фати крстот.

 

Од Град Скопје, Кристијан како подарок доби резба.

 

Пред положувањето на Светиот крст во водите на Вардар, г.г. Стефан пред присутните граѓани порача дека верските празници треба да не потсетуваат како живееме и како постапуваме кон себе и кон другите, да ги измијат сите лоши мисли и да донесат духовно освежување.

 

Во Скопје оваа година беа пријавени околу 140 граѓани за фаќањето на крстот. Оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со спуштањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити. 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.