Поскап паркинг и бесплатен јавен превоз за граѓаните на Скопје во денови на висока загаденост

Во главниот град ќе се зголеми цената на паркингот за 50 проценти.

 

За оваа одлука градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов вели дека се воведува со цел да се намали користењето автомобили, односно да се дестимулирање на граѓаните, бидејќи Скопје се соочува со сериозен проблем околу загадениот амбиентален воздух.

 

Градоначалникот Шилегов вели дека зголемувањето на цената ќе биде само во денови кога загаденоста е неколку пати поголема од дозволената. Како што истакна Шилегов Градот Скопје и Владата имаат пропишано кога се активираат интервентните мерки, а Градот Скопје е должен  да преземе интервентни мерки доколку два последователни денови две мерни станици покажуваат висока загаденост на воздухот. Кога ќе настапи сериозната загаденост тогаш  ќе се пушти бесплатен јавен превоз, а ќе поскапи паркирањето. Шилегов додаде дека ова не е нешто ново туку беше спроведено и минатата година во два наврати.

 

Шилегов додаде дека ова не е проблем од сега туку се решава повеќе деценискиот проблем кој до сега никој не успеал да го реши.

 

Најголемиот процент од загадувањето, односно 50% е од домаќинствата, а 22% од загадениот возгух е од сообраќајот. Со поскапувањето на паркингот се прави превенција автомобилите да бидат во помал број во денови на екстремна загаденост.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.