Часови по слоу фуд готвење во училиштето „Лазар Тaнeв“

Денеска во хотелско туристичкото училиште Лазар Танев во Скопје, беше промовирана иницијативата „ Часови за готвење слоу фуд“, во која во периодот од декември до март ќе бидат реализирани 5 часови за готвење, секој со времетраење од 180 минути.

 

Оваа иницијатива ќе се имплементира во соработка со Здружението за социјални инивации „Арно“, во партнерство со „Слоу фуд Водно“ и училиштето „Лазар Танев“. За присуство на часот по готвење, кој ќе трае 180 минути, заинтересираните ќе треба да си купат ваучер кој чини 1.200 денари, а средствата од продажбата на ваучерите ќе бидат реинвестирани во учениците-готвачи.

 

Организаторите, овој проект го посочуваат како пример на широко партнерство и платформа во која сите вклучени страни имаат бенефит, односно стручното образование за кое во последните неколку години губат интерес средношколците, го подобрува својот углед, учениците добиваат дополнителни обуки од докажани готвачи, готвачите добиваат промоција, а организациите- одржливост.

 

Василка Димитровска од „Слоу Фуд Водно“ вели дека стремежите на организацијата слоу фуд се да се промовираат локалните производи, и да се намали транспортот на храна од далечни земји, со што би се намалиле трошоците и загадувањето. Идејата е да се приготвуваат старите рецепти, но со нова и модерна декорација.

 

Готвачите кои ќе бидат вклучени во проектот ќе работат на различни теми, и тоа, сирење на трпеза, тркало на сезоните, месеници од тефтерот на баба, протеински растенија и риби од нашите води.

 

Асистенти на часовите по готвење ќе бидат учениците од готварската струка во училиштето Лазар Танев. Директорот на училиштето, Зоран Николовски истакна дека реализацијата на часовите по готвење во кујната на училиштето, претставува промоција на самото училиште, и на готварската струка, која е една на најплатените на пазарот на трудот во Македонија.

 

Овој проект главен акцент става на продажбата на часови за готвење, но има и поголемипретприемачки амбиции, како тим билдинг активности за компаниите и организирање на кулинарски туристички тури.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.