Дали еколошки налепници ќе се лепат и на автобусите?

Градот Скопје во повеќе наврати информираше дека се превземаат нови 27 мерки за намалување на аерозагадувањето, како субвенции за печки на пелети, и за електрични тротинети и велосипеди, гасификација, субвенции за изградба на фасади...

 

И покрај тоа, скопјани едвај чекаат да дувне ветер, и за да го расчисти воздухот во Скопје. Една од новините со која Македонија, и македонската метропола ќе се борат против ПМ 10 честичките е забраната за возење на автомобили кои ја загадуваат животната средина.

 

Со цел полесно препознавање на ваквите автомобили, истите ќе треба да поминат задолжителен технички преглед, по што ќе добијат еколошка налепница во боја, во зависност од карактеристиките на автомобилот. Ова е мерка која ја подели јавноста.

 

Дел од граѓаните ја поздравуваат, други пак велат дека најзасегнати од неа ќе бидат ниската и средна класа во Македонија. Сепак, не само автомобилите, и автобусите се загадувачи. Дали и на нив ќе им се лепат вакви налепници го прашавме првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов, кој вели дека според неговите очекува возниот парк на ЈСП Скопје многу наскоро ќе биде обновен со автобуси кои ги задоволуваат еколошките стандарди.

 

Пред само неколку дена на социјалните мрежи можевме да видиме стар автобус на ЈСП Скопје чии издувни гасови значително го загадуваат воздухот во градот. На нашето прашање зошто овие автобуси се сеуште во функција, добивме одговор дека се користат како алтернатива кога ќе се расипат новите автобуси.

 

Од мерките кои Градот ги превзема против загадувањето на воздухот, наскоро според најавите од Шилегов можеме да очекуваме и парк на кровот на Градскиот трговски центар.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.