„Го градам мојот град" во Детскиот културен центар „Карпош"

Во Детскиот културен центар Карпош и оваа година традиционално се одржа манифестацијата посветена на предучилишните установи, а во чест на градот Скопје "Го градам мојот град" 2018.

 

Оваа манифестација има за цел да ги истакне детските творечки способности, детската креативност, а воедно и поопширно да ги запознае децата со денот 13 Ноември и неговото значење за градот во кој живеат.

 

На манифестацијата учествуваа деца од 20 градинки од Скопје. Секоја градинка ја претставуваше екипа од 5 деца, а објектот кој беше изграден е по нивен избор, како и градежниот материјал како коцки, цртежи, природни материјали како лисја , дрвца и сл.

 

Градинките чиишто дечиња се учесници на оваа традиционална манифестација добија и симболични подароци во знак на благодарност за соработката од Детскиот културен центар Карпош.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.