Утре без струја повеќе населени места во Скопје

Заради  технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе останат повеќе населени места во неколку скопски општини, соопшти РЦУК – Скопје, по добиено известување од „ЕВН Македонија“ АД.

 

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од с. Мирковци (Општина Чучер – Сандево), од 12:00 до 14:00 часот корисниците од пазарот во Чаир спроти стадионот (Општина Чаир). Од 10:00 до 13:00 часот корисниците од дел од ул. Будимпештанска околу бр. 20 (Општина Карпош), од 09:00 до 10:00 часот корисниците од дел од с. Горно Соње, а од 11:00 до 13:30 часот цело Горно Соње  во Општина Сопиште, додека во периодот од 09:45 до 14:30 часот корисниците од селата Рашче, Бојане, Копаница и каптажата Рашче во Општина Сарај.

 

Во периодот од 08:30 до 16:00 часот без електрично напојување ќе останата корисниците од дел од ул. „Димитар Пандилов“ т.е. парните броеви од бр. 6 до бр. 20 и непарните броеви од бр. 3 до бр. 19 и корисниците од ул. „Питу Гули“ т.е. непарните броеви од бр. 49 до бр. 55 во Општина Центар и во периодот од 08:30 до 12:00 часот корисниците од делови од улиците „Дрварска“ и „Атанас Бабата“, Музејот на Македонија, Покриена чаршија, Куршумли ан и ул. „Самарџиска“ во Општина Чаир.

 

Во општина Студеничани, во периодот од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците со бр. 4, 6 и 7 во с. Батинци, во Општина Ѓорче Петров од 09:30 до 14:00 часот корисниците од делови од улиците „Депа Кајова“, „Браќа Чакрови“, ул. „Ѓорче Петров“ и ул. „Никола Пускаров“, а од 12:00 до 15:00 часот корисниците од ул. „Киро Фетак“ во нас. Драчево во Општината Кисела Вода.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.