Нов еко мини бус за посетителите во зимскиот период во ЗОО Скопје

Зоолошката градина во Скопје го поднови својот возен парк со електричен еко минибус наменет за прошетки на посетителите во зимскиот период.

 

Новиот екобус е со капацитет за 20 посетители, а со едно електрично полнење ќе поминува до 80 километри. Засега ова е првото возило што го добива Зоолошката градина, благодарение на фирмата „Брегал Доо" од Делчево. Директорот на ЗОО Скопје Ѓорѓи Галетановски и сопствениците на „Брегал" склучија меморандум за донација и меѓусебна соработка.

 

Зоолошка градина во Скопје ги следи еколошките стандарди и во иднина целиот возен парк ќе биде префрлен на електричен погон, најавуваат од ЗОО Скопје.

 

Со цел да се понудат повеќе интересни содржини, во зоолошката градина, во соработка со учениците од средното училиште „Ѓорѓи Димитров“ направена е и шумска патека која ќе понуди интересни содржини за едукација на најмладите во поглед на сите инсекти, животни и растенија кои може да се сретнат во македонските шуми.

 

Како што информира портпаролката на Зоолошката градина, Тина Мицковска, наскоро се очекува зоолошката градина да ја збогатат и птици од видот фламинго.

 

Поставени се и нови едукативни табли пред секое живеалиште, на кои посетителите можат да ги прочитаат најинтересните информации за секое животно.

 

За посетителите, поставени се нови тоалети, и просторија за пресоблекување бебиња.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.