Нема да поскапат билетите во ЈСП „Скопје"

Откако во јавноста беа пласирани информации за наводно поскапување на цената на билетите во ЈСП, со реакција се јави и директорот на претпријатието Кристијан Чушков, кој децидно ги отфрла тврдењата дека возењето со автобус во Скопје ќе поскапе.

 

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје" нема да ги поскапи билетите за градски превоз, независно од порастот на цената на нафтените деривати.

 

Пласираните информации во одредени медиуми дека поскапуваат билетите ги оценуваме како неосновани и паушални. Ниту сме побарале, ниту планираме да побараме корекција, односно зголемување на цената за користење на јавниот превоз, изјави директорот на ЈСП „Скопје", Кристијан Чушков.

 

Евентуалното поскапување на цената на билетот на ЈСП, не само што ќе се одрази на и онака скромниот буџет на скопјани, туку и дополнително ќе го загади воздухот, бидејќи поголем дел од граѓаните кои поради исплатливост користат автобус, лесно ќе се преориентираат на автомобил, ако тоа знаци дека потрошувачката е на исто ниво.

 

Еколошките организации, велат дека со зголемувањето на загадувањето на воздухот, граѓаните треба да се стимулираат да користат јавен превоз, а не да се одвраќаат со зголемување на цените.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.