Во парк во Чаир поставена чоколадна куќичка за деца

Во парк во Топанско поле, во општина Чаир, денеска беше промовирана детска едукативна инсталација со наслов „Приказна за Јованче и Марика, барајќи го патот до домот ја наоѓаат чоколадната куќичка“.

 

На промоцијата присуствуваа градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, директорот на ЈП Паркови и зеленило, и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој истакна дека главната цел на овој проект била преку облагородување на јавниот простор и збогатување на културните содржини на градот да се поттикне детската фантазија и игра и да се влијае врз развивањето на детската креативност.

 

Шилегов исто така потсети за неодамнешните активности на Градот, со цел на жителите на општина Чаир, да им се овозможат повеќе места за релаксација и рекреација, а исто така најави нови проекти кои ќе им го олеснат секојдневното функционирање на Чаирчани.

 

Автор на идејното решение е Филип Петровски. Градските власти апелираат како до децата, така и до возрасните, со грижа да се однесуваат кон овој парк, како и со сите останати.

 

Исто така, Општина Чаир и Градот Скопје имаат изработено план за создавање мрежа на велосипедски патеки на територијата на Чаир, а како прва етапа за нивната реализација е велосипедската патека на улицата „Втора Македонска бригада“.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.