Без струја делови од Центар и Ѓорче Петров

Корисниците од дел од улицата „Македонска Преродба" во општина Ѓорче Петров утре од 9 до 11 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

 

Од 10:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од делот од улицата „Максим Горки" на потегот од Тренд кафе до слаткараницата Марфи во општина Центар, од 11:00 до 13:00 часот корисниците од улицата „Лондонска" зграда бр. 46,  објектите околу пазарчето Тафталиџе и улицата „Московска" згради, бр. 5 и бр. 7, а од 12:00 до 14:00 часот корисниците од  дел од улицата „Исаија Маџовски" во општина Ѓорче Петров.

 

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија" АД. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.