Двор во Лисиче затрупан со отпад кој се пали и користи како огревно средство. Пријави дива депонија на 070 270 557

Инспекторатот на Град Скопје на улица Ѓорги Капчев бр. 2 во Лисиче, Општина Аеродром од вчера започна со реализација на донесеното решение од страна на овластен инспектор за животна средина.

 

Од градскиот инспекторат информираат дека дворното место е затрупано со секаков вид отпаден материјал кој се пали и користи како огревно средство. ЈП Комунална Хигиена по налог на Град Скопје пристапи кон чистење на локацијата, а повикана била и асистенција од Министерството за внатрешни работи.

 

Како што информираат од инспектлратот се работи за огромна количина отпаден материјал.

 

Комуналните редари, исто така забележале повторно спалување отпад во реонот на Вардариште, по што повикано е противпожарно возило, како  и присуство на МВР, а пожарите се локализирани и изгаснати.

 

На терен беше излезен и раководителот на инспекторатот на Град Скопје, Мирослав Богдановски кој рече дека спалувањето отпад придонесува многу во загадувањето на воздухот, меѓутоа се прават состаноци и координации за да имаат постојани дежурства така што инспектори ќе има постојано на терен“. Од инспекторатот посочуваат дека секое лице доколку биде фатено на лице место ќе биде соодветно казнето, но и дека ќе преземат дополнителни мерки за да го спречат намерното потпалување на сметлиштата во околината на Скопје.

 

Имено, на почеток од месец октомври, Инспекторатот на Град Скопје изврши дислокација на над 220  парчиња користени гуми од автомобили и камиони на територија на Карпош. Од Инспекторатот на Град Скопје информираат дека гумите биле складирани за во зимскиот период да бидат употребени како огревно средство.

 

Град Скопје во март годинава промовираше посебен телефонски број (070 270 557), на кој граѓаните можат преку Вибер да пријават диви депонии со праќање  порака и фотографии, а истите можат да ги пријават и преку официјалната фејсбук страница на градот. 

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.