Се повеќе скопјани возат хибриди по градските улици

 Во рамки на Недела на мобилност на Машинскиот факултет во Скопје беа изложени електрични автомобили, електрични скутери, тротинети и хибриди.

 

Организацијата на електрични возила од Македонија секоја година одржува едукативни часови за ученици од основни и средни училишта. Како што информираше Кирил Минанов од Е-мобилност Македонија изложените возила се на приватни сопственици и коорпоративни возила  а од страна на присутните имаше голема заентересираност околу можностите што ги нудат електромобилите.

 

По едукацијата се формира електричен конвој со сите електрифицирани возила коишто тргнаа од кампусот факултети кон Порта Македонија. Ревијалното возење беше околу 20-тина минути и претставуваше атракција на скопските улици.

 

Од Е-мобилност Македонија истакнаа дека ова се прави како едукација за млади и секоја година има се поголем интерес. А голем интерес во Македонија има и за возење хибриди.

 

Инаку, автомобилската индустрија во светот се повеќе се насочува кон производството на електрични автомобили бидејќи се зголемува интересот кај потрошувачите. Според податоците на Меѓународната агенција за енергетика минатата година бројот на електрични превозни средства на светско ниво пораснал на рекордни 3,1 милиони возила, а се предвидува доколку амбициите на автомобилската индустрија раснат до 2030 година да има од 125 до 220 милиони електрични возила во светот. Во Европа минатата година најголема продажба на електромобили имаше во Германија.

 

Во Македонија според нецелосните податоци, од вкупно 1.755 продадените нови возила за првите шест месеци од годинава три се електромобили, а 27 хибриди. Најголемата продажба на сите видови автомобили е во Скопје, досега се поставени околу пет полначи за електромобили на јавните паркинзи, но надлежните најавуваат дека во следниот период ќе бидат поставени 17 полначи на различни локации низ градот.

 

Експертите велат дека електричните возила со едно полнење би можеле да поминат од 120-130 километри, а понапредните возила поминуваат и 300-400 километри со едно полнење, но колку е поголем опсегот на километрите толку возилото е поскапо. Односот на потрошувачката на електрично возило во споредба со класично возило на безнин или дизел е од 1:5 до 1:10.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.