Без струја утре делови од Чучер Сандево, Центар, Аеродром, Кисела Вода и Карпош

Заради технички зафати во дистрибутивната мрежа утре без електрична енергија од 9:00 до 13:30 часот ќе останат корисниците од с. Бродец, ЈСП репетитори Бродец, манастир Света Богородица, дел од с. Љубанци, Танушевци, Брест, Малино маало, дел од с. Мирковци, Кучевиште, Побожје како и Викендици Побожје во општина Чучер Сандево.

 

Од РЦУК Скопје информираат дека од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од селото Бадар, општина Петровец, а од 8:30 до 15:00 часот корисниците од улиците Караорман, Ганчо Хаџипанзов, Капештец и Димитар Пандилов, во општина Центар.

 

Три часа без струја утре, од 9:00 до 12:00, ќе бидат и корисниците од улицата Божин Николов во општина Аеродром, од 12:30 до 15:00 часот корисниците од дел од улицата Лесновска во општина Карпош, а од 9:00 до 11:00 часот корисниците од дел од улицата Иван Хаџиниколов бр. 5, општина Кисела Вода. 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.