Викендов посебен сообраќаен режим во Скопје

Поради одржување на јавен собир во текот на претстојниот викенд во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на улицата „Кирил и Методиј“.

 

Како што информира МВР, во сабота од 13,30 часот на потегот од  улицата „Кирил и Методиј“ пред  канцеларијата на Европска Унија ќе се поставува бина при што сообраќајот ќе биде пренасочен по булеварот „Кочо Рацин“ и улиците “11-ти Октомври“, “Даме Груев“ како и други споредни  улици .

 

Во недела, во  времето  од 12,30 часот, поради одржување на јавен собир, сообраќајот ќе биде пренасочен, односно забаранет за сообраќај ќе биде потегот од раскрсницата на булеварот „Кочо Рацин“ со улицата “Кирил и Методиј“ (поранешна Мито Хаџи Василев-Јасмин) до раскрсницата на оваа улица со булеварот „Свети Климент Охридски“. По потреба, сообраќајот ке биде пренасочен и на потегот од булеварите „Партизански Одреди“, „Крсте Мисирков“, „Кузман Јосифоски-Питу“ и „Борис Трајковски“.

 

Полицијата апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.