Се поправа мерниот инструмент за ПМ 10 честички во мобилната мерна станица во Ѓорче Петров

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека мобилната мерна станица поставена во општина Ѓорче Петров е во функција, односно се мерат загадувачките супстанци SO2, NO-NOx-NO2, CO и О3. Единствено, поради технички проблем, на 23.12.2019 година е исклучен инструментот за симултано мерење на РМ10 и РМ2.5 и од тогаш не е во функција.

 

Моментално, во тек е процедура за објавување на тендер за набавка на резервни делови, меѓу кои и неопходниот дел за посочениот инструмент. Со набавка на резервните делови, инструментот ќе се сервисира и калибрира, а потоа ќе биде вклучен во системот, а податоците од мерењата од овој инструмент ќе бидат јавно достапни на веб страницата за квалитет на воздухот http://air.moepp.gov.mk .





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.