Заврши изградбата на атмосферската канализација на улица Борис Сарафов во Општина Ѓорче Петров

Дел од улицата 4-ти јули, односно Борис Сарафов, во Општина Ѓорче Петров, доби нова атмосферска канализација.

 

По барање од Град Скопје и Општина Ѓорче Петров, беше изработена проектно-техничка документација за атмосферската канализација по дел од улица Борис Сарафов, во Општина Ѓорче Петров.

 

„Со реализација на проектираната атмосферска канализација во должина од 600 метри и дијаметар од 400 милиметри, се создадоа услови за идно проектирање, а потоа и изградба на атмосферска канализација и по другите улици во овој дел од неселбата. Трасата на атмосферската канализација е усогласена со решенијата за хидротехничка инфраструктура во ДУП за овој локалитет“, соопштија од општината.

 

ЈП Водовод и канализација – Скопје го обезбеди потребниот материјал за реализација на овој проект во вредност од 1.253.000 денари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.