До крајот на годината треба да се постави камен темелник на новиот клинички центар во Општина Ѓорче Петров

До крајот на оваа година треба се постави камен темелник на современиот клиничкиот центар во Општина Ѓорче Петров на излезот од Скопје покрај обиколницата на местоста викан Веле Поле. 

 

На последната седница на Совет Општина Ѓорче Петров донесе нов урабистички план за градење на клиничкиот  центар кој ќе биде со површина од 90 хектари, а од општината информираат дека советниците и експертите  едногласно одлучиле дека локалитетот Велополе е погоден за изградна на клиничкиот центар, а придобивките од изградбата на Клинички ќе ги почувствуваат сите жители но од економски апскет најголем бенефите ќе има локалното население.

 

Планирано е новиот клинички центар да биде на пет нивоа на вкупна површина од 102 илјади метри квадратни, ќе има околу 1.300 болнички легла, 20 операциони сали, четири ангиографски сали, 65 амбуланти за специјалистичко- консултативни дејности.

 

Поволната местоположба до обиколницата, би нудела брза и едноставна конекција до соседните земји, а тоа би допринело и до развој на медицински туризам.

 

Локацијата се наоѓа во западниот дел на градот, близу Вардар и Лепенец, во еколошки чиста средина, а Клиничкиот центар се очекува да биде завршен за околу пет години.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.