Изградена нова пристапна рампа пред Домот на култура во Ѓорче Петров

 

Домот на култура во општина Ѓорче Петров од сега ќе можат да го посетуваат и лицата со хендикеп.

 

Имено, станува збор за подобрување на пристапот. Како што информираат од општината, наместо неадекватната рампа, изградена е нова, стандардизирана пристапна рампа со две монтажни патеки кои треба да ги премостат скалите во внатрешноста на Домот.

 

Од Ѓорче Петров велат дека општината досега има изградено 14 пристапни рампи во сите јавни установи на своја територија. Оваа година останува да се реши и вертикалната пристапност во основните училишта, додаваат од таму.



Се залагаме и работиме на создавање  општество без разлики и еднаквост за сите. Секој заслужува еднаква шанса за остварување на своите права, се вели во соопштението од општина Ѓорче Петров.


 



 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.