Традиционално одбележување на Денот на крстот во Кучково

Општина Ѓорче Петров, и оваа година традиционално, на први мај, кај крстот во с. Кучково ќе го одбележи Ден на крстот.

 


За присутните граѓани на 15-тиот по ред народен собир, општината и оваа година ќе подготви богата програма која вклучува културно-забавен дел, дефиле на кинолошки и коњички клуб, ликовна колонија, спортски игри, како и настап на музичка група.


Воедно, ќе биде одржан и свечен молибден пред светиот крст, а за ручек ќе биде послужено традиционалното војничко гравче.

Убавините на Кучково ги посетуваат голем број граѓани кои 1Мај одлучуваат да го поминат во друштво со пријателите и семејствата. Неизбежна И оваа година ќе биде скарата.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.