ОУ „Мирче Ацев“ од Ѓорче Петров, домаќин на наставници и ученици од Малта, Грција и Шпанија

 

Основното училиште Мирче Ацев, 5 дена е домаќин на 18 наставници и ученици од Малта, Грција и Шпанија, во рамки на Еразмус плус програмата, во која општината е вклучена трета година.

 

Проектите кои произлегуваат од оваа програма се директно финансирани од Европската Унија, а како што велат од општината, основна цел на ваквите проекти  пред се е размена на меѓународни искуства преку студиски посети во европските земји на учениците и наставниците, подигнување на нивото на наставата како и културни придобивки.

 

На еден од интерактивните часови присуствуваше и градоначалникот Александар Наумоски кој нагласи дека проектот ,,Прераскажани приказни за јазичен и културен развој” кој функционира од октомври минатата година е од исклучителна важност за учениците, поради можноста за запознавање на меѓусебната традиција и култура. Тој ги повика сите да аплицираат за проектите и програмите преку кои можат да се искористат средставата од Европската Унија. Крајна цел ни е подигнување на степенот образовното ниво во општината, истакна Наумоски,

 

Преку Еразмус + програмата  се развива меѓународната соработка, се поттикнува партнерството меѓу различните чинители во образованието, се зголемува флексибилноста и достапноста на формалното и неформалното образование.

 

Македонските образовни институции се повеќе се вклучуваат во европскиот образовен простор.

 

 



 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.