Во градинката ,,Росица” донирани 10 прочистувачи за воздух

Со цел да се обезбедат подобри услови во детските градинки Општина Ѓорче Петров презема сериозни чекори да се обезбедат прочистувачи за воздух во сите градинки на нејзина територија.

 

Денеска во градинката Росица, клон Пампурче, во населбата ,,Даме Груев” Скопски Пазар донираше 10 прочистувачи за воздух. Како што изјави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски оваа донација од Скопски Пазар е повеќе од добредојдена, бидејќи со овие уреди значително ќе се подобри квалитетот на воздухот и ќе се намали ризикот од заболување на дишните патишта на децата. Десетте уреди ќе бидат поставени во 10 простории за престој на децата, со што објектот Пампурче ќе биде целосно обезбеден со прочистувачи.

Гоце Трпковски од Скопски пазар изјави дека задоволството е големо што како општествено одговорна компанија имаа можност да им обезбедат подобри услови на децата.

 

Од Општина Ѓорче Петров информираат дека останува определбата за справување со загадувачите, па затоа треба да се искористат позитивните ефектите и решенијата што ги нудат прочистувачите на воздухот.

 

За општината приоритет се градинките и училиштата, со цел, најмладите, во просторот каде што го поминуваат најголемиот дел од денот, да имаат поквалитетен воздух и слободно да ги извршуваат сите активности.

 

Во Општина Ѓорче Петров досега две градинки се целосно опремени со прочистувачи за воздух, а останатите ќе бидат опремени до крајот на годината.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.