Пуштена нова линија на улично осветлување на ул. Алексо Демниевски

По дваесет години мрак, улицата ,,Алексо Демниевски 27” доби улично осветлување. Општина Ѓорче Петров информира дека е пуштена во употреба новата линија на кракот 27, во должина од 120 метри. Поставени се 5 метални столба со улични светилки и конечно, жителите од оваа улица,  добија квалитетна услуга, безбеден пристап до своите домови и модерен систем на осветлување, информираат од општината.

 

Општина Ѓорче Петров започна и постапка за модернизација на уличното осветлување, комплетна реконструкција и менување на постоечкиот систем за јавно осветлување.

 

До крајот на годината преку јавно приватно партнерство се очекува да се избере изведувач кој за 6 месеци ќе треба да го модренизира осветлувањето со лед светилки и најсовремена опрема,  а со тоа граѓаните да добијат врвен кавлитет во осветлувањето . Приватниот партнер  ќе менаџира со осветлувањето во наредните 12 години.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.