Општина Ѓорче Петров спроведува акција за чистење во урбаната заедница Дексион

 

Комуналните служби на ошштина Ѓорче Петров викендов беа фокусирани на расчистување на урбаната заедница Дексион.

 

Исфрлени се 2 камиони со отпад, или околу 6 кубни тони смет. Како што информираат од општината, се чистат уличките во Ѓорче 2, околу Геријатрија и основното училиште Ѓорче Петров.

 

Акцијата за расчистување на Ѓорче 2, односно Дексион продолжи и денеска, но општинарите повикуваат на поголема самосвест кај граѓаните, со што би се намалила потребата од вакви еколошки акции.

-За да имаме здрава и чиста околина потребни се промени и во однесувањето на граѓаните, особено во начинот каде и како го фрлаат комуналниот отпад.

Заложбата за почиста и поздрава животна средина е еден од најважните приоритети на нашето дејствување, велат од општина Ѓорче Петров.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.