Во Општина Ѓорче Петров во 2019 година ќе се реализираат капитални инвестиции

Советот на Општина Ѓорче Петров  даде зелено светло за отпочнување капитални проекти кои се од суштинско значење за жителите на Ѓорче Петров.

 

Како што соопштија од општината, предвидено е  годинава да се отпочне со реализација на проектот за Регулација и уредување на речното корито на  реката Лепенец. Министерството за образование веќе обезбеди средства за изградба на училишна спортска сала во ООУ Јоаким Крчовски во Волково.

 

За прв пат општината ќе добие и затворен училишен базен. Агенцијата за млади и  спорт комплетно ќе го изгради  базенот, а земјиштето во дворот на ООУ Димитар Поп Георгиев Беровски ќе го обезбеди општината.

 

Од општината соопштија дека советниците донеле одлука и за Физибилити студијата за воспоставување на договор за Јавно приватно партнерство,  со што ќе започне проектот за модернизација на јавното осветлување со поставување на ЛЕД-светилки.

 

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.