Општина Ѓорче Петров демантира дека е зголемена платата на градоначалникот

 

Општина Ѓорче Петров демантира дека е зголемена платата на градоначалникот. Општинската прес служба до нашиот медиум објави демант кој ви го пренесуваме во целост.

 

Во врска со информациите кои деновиве беа објавени во дел од средствата за јавно информирање а се однесуваат на наводното зголемување на платата на градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Наумоски, сакаме да Ве информираме дека:

 

Платата на градоначалникот не е зголемена. Таа останува иста, непроменета. На Градоначалникот Александар Наумоски му се исплаќа плата согласно Законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија. Законот предвидува посебен коефициент за утврдување на плата за градоначалниците , а тој коефициент зависи од бројот на жители во општината. Коефициентот на Наумоски е 3,2.

 

Во буџетот како и секоја година, така и оваа, се планираат повеќе пари во ставката за плата на градоначалникот, во случај да има некави законски измени за зголемувања, но тоа не значи дека средствата ќе се реализираат. Со ребалансот на буџетот, предвидените а нереализирани средства во делот на платата на градоначалникот се пренаменуваат. Информацијата дека градоначалникот зема поголема плата е неоснована шпекулација и крајно несериозна.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.