Тодорче Марколачев е среќникот кој го фати крстот во водите на Лепенец во Волково

Со фрлање на крстот во водите на реката Лепенец, традиционално и ова лето господово се одбележа верскиот празник Водици.

 

Сончевото, но сепак, студено време и оваа година не ги спречи верниците да влезат во ладната вода на реката Лепенец со цел да го фатат осветениот крст кој цела година носи здравје и среќа на тој што прв ќе стигне до него.

 

Коритото на реката Лепенец во Волково беше претесно да ги собере насобраните граѓани кои дојдоа да го проследат фрлањето на осветениот крст - симбол на среќата и благостостојбата. Верата во Господ оваа година привлече 15 млади луѓе од општина Ѓорче Петров да се пријават и да учествуваат на манифестацијата „Водици 2019“, а најсреќен и најбрз беше 18 годишниот Тодорче Марколачев, кој за прв пат го фаќа осветениот крст за Водици.

 

Тодорче сите верници им порача да имаат верба во Бог, И да не се плашат да влезат во студените води на реките, затоа што чувството од водата да излезеш со крстот во рака е неповторливо.

 

Тодорче од општина Ѓорче Петров доби подарок лап топ компјутер, кој од името на градоначалникот, му го предаде советничката Вера Перовска.

 

Денеска сите води се свети, а се верува дека измивањето со света вода е лек за многу болести на душата и телото. Токму затоа верниците кои беа дел од манифестацијата си земаа од осветена вода, која потоа цела година грижливо се чува, и се пие особено во време на болести и немоќ.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.