Локацијата за нов Клинички во Општина Ѓорче Петров највисоко рангирана

Според досегашните анализи и проценки на здравствените власти, местото кое Општина Ѓорче Петров го понуди како можна локација за изградба на новиот клинички центар, а се наоѓа под обиколницата на излезот од Скопје кон Тетово било највисоко рангирано, според методологијата на министерствто за здравство за бодување на предложените локации во поглед на пристапност, местоположба, водовод и струја, а конечната одлука треба да ја донесе Владата до крајот на мецецот.

 

Земјиштето кое има директен пристап до обиколница е со површина од 128 хектари и е во доминантна државна сопственост, а клиничкиот центар би се градел на 90 хектари површина. Од Општина Ѓорче Петров информираат дека во моментов не смеат и не можат да преземат ништо на оваа локација и дека се чека одлуката на Владата.

 

Пред неполн месец на покана на министерот за здравство, градоначалникот Наумоски присуствуваше на презентација за предлог-локација за изградба на новиот Универзитетски клинички кампус. Тие укажале зошто овој здравствен центар треба да биде лоциран токму во Општина Ѓорче Петров на локалитетот т.н. Веле Поле.

 

Предностите на понудената локација се тоа што таа е сообраќајно пристапна до обиколницата, земјиштето е со доминантна сопственост на Република Македонија, во близина е на железничка пруга и лоцирана во шумски појас. Би се нудела брза и едноставна конекција со соседните земји, а тоа би допринело и за развој на медицинскиот туризам. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски во еден наврат изјави дека до министерството за здравство е доставена целокупната документација за изградбата на Клинички центар на површина од 128 хектари државно земјиште на локацијата позната како Веле Поле.

 

Инвестицијата е проценета на 400-500 милиони евра. Како што истакна Наумоски, станува збор за капитален проект, чија реализација ќе значи и забрзан економски развој на општината.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.