Општина Ѓорче Петров им додели јакни на лицата од социјален ризик

Општина Ѓорче Петров денеска посети две социјално загрозени семејства кои живеат во исклучително тешки услови, и им подари зимски јакни.

 

На јакните најмногу им се израдуваа седумте деца, кои боси на минусни температури го пречекаа градоначалникот Александар Наумоски да им ги донесе јакните. Семејството на Исо Симоновски се пожали на сиромаштија и беда, на која посведочивме и ние, а единствено од хуманите луѓе побараа телевизор.

 

Покрај јакните кои општината ги обезбеди во соработка со невладиниот сектор, на семејството од сопствени средства со по 2.000 денари му помогнаа и советничката Вера Перовска, како и градоначалникот Наумоски.

 

Социјалната патролна служба изминатава година евидентирала 186 случаи на лица кои живеат во сиромаштија, социјално исклучени, жртви на семејно насилство, бездомници. Едни од нив се и семејството Гаши на кои исто така денеска им беа однесени зимски јакни. Распределбата на јакни ќе продолжи и во наредните денови.

 

Со цел да им се излезе во пресрет на сите граѓани од ранливите категории, обезбедени се вкупно 150 зимски јакни. Како што соопшти градоначалникот Наумоски, проектот на социјална партолна служба продолжува и оваа година.

 

Предвидувањата се дека за 2 години патролните служби ќе ја поминат целата територија на општина Ѓорче Петров со што би се добила една целосна социјална карта, преку која ќе може да им се излезе во пресрет на овие лица.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.