Општина Ѓорче Петров им додели по 3.000 денари на глувонемите лица од општината

За прв пат откако е формирана општина Ѓорче Петров, денеска им беше доделена еднократна парична помош, во висина од 3.000 денари на глувите и наглувите лица од општината.

 

Станува збор за иницијатива на градоначалникот Александар Наумоски, според кого секој жител на општина Ѓорче Петров треба да има еднакви можности, без оглед на нивниот хендикеп.

 

Еден од глувонемите лица е и Роберт Сефери, кој на тригодишна воздраст го изгубил слухот, како последица од превисока телесна температура. Со помош на знаковниот толкувач Даниела Дичоска оспеавме да поразговараме со него, при што ни откри дека е тешко да се живее со неговиот хендикеп, а уште поголема потешкотија претставуваат бариерите кои им ги наметнува опшеството.

 

Роберт е редовно вработен и е задоволен од својот работен ангажман, но потенцира дека за жал постојат и нехумани работодавачи кои го експлоатираат трудот на лицата со оштетен слух.

 

Данче Василевска, од секторот за детска, социјална и здравствена заштита нагласува дека оваа предновогодишна средба со лицата со оштетен слух е во знакот на хуманитарната дејност, која претставува еден од приоритетите на општина Ѓорче Петров

 

За потсетување, изминатава година во организација и со поддршка на општина Ѓорче Петров се одржаа голем број хуманитарни настани за помош при лекување на болни деца од општината.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.