Казна од 50 евра за двајца што палеле гуми во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров ги изрече првите казни на несовесни граѓани кои палат оган на отворено.

 

Како што информира општинската прес служба, инспекторите детектирале двајца кои палеле гуми и пластика и истите се казнети со по 50 евра.

 

Инспекторите изрекоа и една казна во делот на депонирање на отпад покрај контејнери во висина од 50 евра како и една казна за продавање на земјоделски производи на јавна површина.

 

Покрај тоа, од општина Ѓорче Петров информираат дека паралелно се работи на лоцирање на хаварисани возила. Досега се опоменати 34 возила кои по истекот на рокот ќе бидат отстранети од јавните површини.

 

Во борбата против загадувањето на воздухот општина Ѓорче Петров ги повикува да се вклучат и граѓаните, преку демонстрирање на совесно и одговорно однесување.

 

Битката со несовесните граѓани продолжува. Целта не ни е да казнуваме, но здравјето нема цена, велат од таму.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.