Новогодишни и социјални пакети за 43 лица со хендикеп во Општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров вниманието го насочува кон штитениците од Центарот за помош на лица со ментален хендикеп “Порака”Неготино.

 

Општината на 43 лица кои живеат во општина Ѓорче Петров им подели новогодишни и социјални пакети. Во Ѓорче има 9 станбени единици во кои се сместени штитениците од Порака. Станува збор за лица од 18 до 66 годишна возраст. Само 10 проценти од нив имаат семејства, останатите се сами, семејствата се откажале од нив. 

Од Општина Ѓорче Петров велат дека хуманоста треба да се покажа на дело, не само со подароци туку и со дејствување. 

-Се трудиме да го подобриме животот на сите категории граѓани, додаваат од општината. 

.be

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.