Нова фитнес зона во Општина Ѓорче Петров

Во Општина Ѓорче Петров денеска беше пуштена во употреба првата современа фитнес зона на отворено, која се наоѓа наспроти црквата св. Петар и Павле.

 

Фитнес зоната располага со повеќе справи за вежбање од кои едната е за лиза со посебни потреби. Инаку, фитнес зоната е направена во соработка со Агенцијата за млади и Општина Ѓорче Петров.

 

Директорот на Агенцијата, Дарко Каевски истакна дека целта е вакви фитнес зони за спорт и рекреација да се отворат во повеќе општини за да се рекреираат младите да излезат да спортуваат и да се тргнат од компјутерите. А оваа фитнес зона е на локација која е лесно достапна  за граѓаните и истата може да ја користат граѓани од сите возрасти.

 

Претседателот на Советот на Општина Ѓорче Петров истакна дека овие маалски, спортски катчиња придонесуваат да се развијат здравите навики кај граѓаните, да спортуваат и да се рекреираат.

 

Инаку вакви фитнес зони до сега се орворени и во општините Карпош, Гази Баба и во Чаир, а како што додаде директорот Каевски во иднина ќе бидат отворени и во повеќе општини, не само во Скопје, туку и низ целата држава.

 

.be

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.