Комуналните инспектори во Ѓорче на терен, се чисти отпадот

Општина Ѓорче Петров продолжува со мерки за зачувување на животната средина. Комуналните служби интензивно работат на расчистување на отпадот.

 

Само на една локација,  во населбата Даме Груев, на улица ,,Лепенец” подигнати се 3  камиони смет или 10 метри кубни ѓубре.

 

Градоначалникот на општината, Александар Наумоски апелира до граѓаните да не се фрла отпад и да не се палат огнови на отворено, кои придонесуваат за дополнително загадување на амбиенталниот воздух.

 

Во Општина Ѓорче Петров деновиве засилен е инспекцискиот надзор, кои согласно Законот за Јавна чистота преземаат соодветни мерки. Комуналните служби паралелно работат и на расчистување на заостанатата сува тревна површина.  Примарната цел на општината е да се заштити животната средина и да се надомести изгубеното зеленило.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.