Градоначалникот Александар Наумоски даде отчет за сработеното

Една година по преземањето на градоначалничката функција, градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски денеска се пофали со голем број успешно реализирани проекти, во областа на инфраструктурата, образованието, социјалната заштита, спортот и културата.

 

Посебен акцент, локалната власт изминатава година стави на подобрување на патната, водоводната и канализационата мрежа, при што како што рече Наумоски, реконструирани се повеќе од 30 улици, а голем број семејства од Волково се приклучени на канализациона мрежа, додека пак многу наскоро се очекува да финишира проектот за изградба на водоводна мрежа во Никиштани.

 

Со цел зголемување на безбедноста на граѓаните на о. Ѓорче Петров, беше поставен семафор пред основното училиште „Мирче Ацев“, а поставени беа и околу 2.000 нови улични светилки, кои како што напомена Наумоски на жителите им овозможија поголема безбедност, при движењето низ општината во вечерните и ноќните часови.

 

Општина Ѓорче Петров изминатава година посветено работеше и на обезбедување поволни услови за најмладите жители, со тоа што обезбеди бесплатна ужинка за сите првооделенци, реконструирана е спортската сала во ОУ Димитар Поп Георгиев- Беровски, а во тек е постапка за обезбедување на капацитети за децата од предучилишна воздраст.

 

Значително е подобрена и состојбата со урбаната опрема, а со голема финансиска помош е потпомогнат и спортот. За прв пат годинава беше организирана и културната манифестација „Звуци на културата“.

 

Помеѓу позначајните проекти кои се најавени за следниот период, градоначалникот Наумоски го издвои проектот за враќање на старото Корзо, и изградбата на детската градинка во Волково.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.