Решен проблемот со водоснабдување на три улици во УЗ Даме Груев во Општина Ѓорче Петров

Во периодот од 2013-2015 година во УЗ Даме Груев долж ул. "Шарпланинска" на потег од ул."Тиранска" до ул. "Николај Островски", изведена е водоводна мрежа во должина од 460м и истата е започната, но недовршена.

 

Граѓаните со години се соочуваа со неквалитетна вода која ги опфаќа жителите на потегот на овие три улици. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски информираше дека овој проблем е решен и отсега па натаму, жителите ќе имаат почиста и поквалитетна вода, благодарение на изведеното кружно движење на истата.

 

Во насока на обезбедување на чиста и здрава вода за пиење, Општина Ѓорче Петров очекува дека до крајот на годинава ќе биде решен и проблемот во водоснабдителната мрежа во Никиштане. За реализација на проектот “Изградба на примарна и секундарна водоснабдителна мрежа во населеното место Никиштане” министерството за животна средина и просторно планирање во рамки на Програмата за управување со води за 2018 година, на општина Ѓорче Петров и одобри пет милиони денари.

 

Со ова, се очекува речиси секое домаќинство во селото кое сега има недостиг, да добие питка вода, технички исправна и бактериолошки чиста.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.