Продолжува реконструкцијата на детските игралишта во Општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров информира дека на барање на граѓаните периодов интензивно се работи на реконструкција на неколку детски катчиња на повеќе локации низ општината.

 

Оттаму посочуваат дека е обновено детското игралиште зад амбулантата во Дексион, а поставена е и нова урбана опрема.

 

Од Општина Ѓорче Петров информираат дека продолжуваат со интервенциите на повеќе локации низ општината, со цел да се опфатат што е можно повеќе места каде е неопходно да се санираат штети, но и да се постави целосно нова опрема.

 

Во изминатиот период обновени беа и игралиштата во населбата Даме Груев, како и во Хром, а се обновуваа и игралиштата во основните училишта. Обновено беше и игралиштето во Никиштане, детските игралишта на улиците “Шидска”-кај старата полициска станица и на “Македонска преродба”, како и детското игралиште во Волково кое беше едно од најоштетените детски катчиња во општината.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.