Активности на Општина Ѓорче Петров

Во Општина Ѓорче Петров активно се работи на уредување и чистење на општината.

 

Деновиве целосно е реновиран и исчистен кружниот тек во населбата Хром. Како што информираат од општината, интервенирале за менување на урбаната опрема и за уредување на уште неколку локации низ Ѓорче Петров.

 

Градоначалникот Александар Наумоски апелира до граѓаните да не ги оштетуваат и да ги чуваат заштитните огради, клупите, корпите за отпадоци, фонтаните и зеленилото што подолго, бидејќи тие се за доброто на граѓаните.

 

Исто така, Општина Ѓорче Петров ги потсетува жителите дека од септември веќе е формирана комисија за издавање потврди за обработливо земјоделско земјиште која излегува на терен и може да одговори на потребите на граѓаните.

 

Општина Ѓорче Петров веќе стартуваше со издавање потврди, а сите граѓани кои имаат потреба од овој документ, потребно е да поднесат барање во секторот-урбанизам.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.