Учениците од Ѓорче Петров и Разлог направија опрема за соларна употреба

Во Општина Ѓорче Петров се одржа завршен настан во рамки на проектот ,,Имплементација на учење преку правење едукативни методи на настава за употреба на сончева енергија во основните училишта”.

 

Проектот е кофинансиран од програмата Еразмус+  и има за цел да развие соодветна рамка за учење на учениците од основните училишта за обновливи извори на енергија преку практична примена. Проектот се реализираше две години а во него беа вклучени ученици од Општина Ѓорче Петров и Општина Разлог од Бугарија како и сродни институции.

 

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски истакна дека овој интернационален проект е плод на успешната соработка меѓу двете општини и се надева дека на ваков начин ќе продолжи долгогодишно меѓуопштинско пријателство.

 

Раководителот на проектот Антонио Паунов истакна дека учениците од двете општини ги исполниле очекувањата. Преку оваа форма на едукација учениците имаа можност преку теоретски и практични експерименти со соларни модули и примена на проекти активности, да научат повеќе за сончевата емергија и бенефитот од нејзиното користење.

 

Проектот преку теоретски пристап предвидува промоција на сите видови опрема за соларна употреба во образовниот процес, со теоретски пристап и практичен пристап со обезбедување на соларна опрема со можност за монтажа и демонтажа.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.