Општина Ѓорче Петров е во фаза на реализација на голем број проекти

Општина Ѓорче Петров интензивно работи на завршување на проектот за изградба на канализациона мрежа во населеното место Волково.

 

Иако овој проект започна во градоначалничкиот мандат на претходниот градоначалник, Сокол Митровски, и за истиот секое семејство плаќаше учество од 500 евра, граѓаните се уште чекаат на негова комплетна реализација.

 

Сашо Максимовски, советник на градоначалникот Александар Наумоски, информира дека изградбата на канализационата мрежа, финансиски ја помага и Министерството за транспорт и врски, и многу наскоро се очекува финиширање на овој проект. Покрај тоа со финансиска поддршка од Светска банка, во урбаниот дел на општината во тек е реконструкција на сообрачајната инфраструктура.

 

Недостатокот на градинки е еден од проблемите со кои со години наназад се соочува општина Ѓорче Петров. Со цел овозможување прием на сите деца од предучилишна воздраст во соодветна установа, општината најавува изградба на детски градински, проект кој е предвидено да се реализира во текот на 2019 година.

 

Покрај изградба на детски градинки, општината најавува и подобрување на условите за следење на наставниот процес во основните училишта. Акцентот овој пат ќе биде ставен на модернизација на системот на затоплување, како и изградба на енергетски ефикасни фасади.

 

Во моментов општина Ѓорче Петров работи и на физибилити студија за јавно приватно партнерство за модернизација на уличното осветлување.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.