Во завршна фаза е проектот за раззеленување на населба Даме Груев

 

Проектот за раззеленување на населбата Даме Груев, во општина Ѓорче Петров кој започна на почетокот на септември, е во својата завршна фаза. Екипи на ЈП Паркови и зеленило, активно работат на разубавување на простор со вкупна површина од 3. 500 метри квадратни, долж улицата „Лука Геров“.

 

Во текот на процесот за уредување на овој потег, посадени беа трева, нови садници, а поставена е и најсовремена инсталација за надовнување, по системот на полевање капка по капка.

Во меѓувреме, инсталација со прскалки за полевање се поставуваат и кај детското игралиште и мини-парк лоцирани лево пред надвозникот кој води кон Даме Груев.

Со овој зафат ќе бидат уредени детските паркови, зеленилото покрај коловозот како и внатрешноста на населбата помеѓу станбените згради.

Од општина Ѓорче Петров апелираат до граѓаните совесно да се однесуваат со зеленилото и со урбаната опрема, со цел што подолготрајно нејзино користење.

 

.be

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.