Реконструкција на улици и проект за јавно осветлување во Општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров интензивно работи на санација и реконструкција на улиците низ населените места во општината.

 

Во моментов градежната механизација работи на санација на ул. 7 во Волково која се тампонира во должина од 800 метри, а се работи и на асфалтирање на улица во Никиштане кај училиштето исто во должина од 800 метри.

 

Пред извесен период заврши асфалтирањето на ул.54 со краците во Кисела Јабука, а од Општина Ѓорче Петров информираат дека во следниот период ќе продолжат интензивно да работат на санирање на критичните точки низ општината и со асфалтирањето на улиците ќе биде решен горливиот проблем во делот на инфраструктурата што го чуствуваат жителите од оваа општина.

 

Освен патната инфраструктура во Општина Ѓорче Петров ќе се подобрува и јавното осветлување. За таа цел извршено е мерење на осветленоста од постојните светилки на јавното осветлување во општината.

 

Врз основа на податоците од официјалните мерења направени од страна на консултантот ангажиран за изработка на физибилити студијата се констатираше она за што граѓаните реагираат-степенот на осветленост од постојните светилки е на многу ниско ниво кое не ги задоволува ниту минималните технички стандари и барања, што е уште еден доказ дека проектот за модернизација на јавното осветлување е повеќе од неопходен за сите граѓани. Токму затоа, во подготовка е проектот за модернизација на јавното осветлување кој се очекува да се реализира во идниот период, информираат од Општина Ѓорче Петров.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.