Во Волково започна изградба на две нови станбени заедници на Центарот за помош на лица со ментален хендикеп “Порака”-Неготино

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски присуствуваше на поставувањето камен-темелник во Волково на две нови станбени заедници наменети за корисници со попреченост во менталниот развој, инвестиција на Центарот за помош на лица со ментален хендикеп “Порака”-Неготино. 

 

- Овој центар веќе има речиси целосно реновирано седиште во Волково и во одлични услови во континуитет ја згрижува оваа категорија лица. Остануваме стабилен и сериозен партнер на приватните инвеститори. Стоиме на располагање на “Порака”, но и на останати правни субјекти кои преку инвестиции ќе допринесат за нови проекти, нови вработувања и подобарВо  живот на граѓаните на мојата општина, истакна градоначалникот Александар Наумоски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.