Миа Крстевска од Ѓорче Петров ќе ја претставува Македонија на Олимписки игри во Аргентина
- Детали
- Категорија: Ѓорче Петров
- Создадено: 04 Октомври 2018
Општина Ѓорче Петров продолжува со континуирана поддршка и помош за спортските таленти и клубови од општината.
Како што информираат од општината, гордоста на Ѓорче Петров, пливачката Миа Крстевска од 6-ти октомври ќе ја претставува Република Македонија на третите Летни младински Олимписки игри кои ќе се одржат во Буенос Аирес, Аргентина.
Миа е државен рекордер и настапува во дисциплините 100 и 200 метри грбно. Конкуренцијата во Буенос Ариес е огромна, 4.000 спортисти од 206 држави во светот, но мотивацијата на Миа е голема, па да се надеваме дека ќе се врати со успех.
.be
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс