Општина Ѓорче Петров ќе субвенционира фасади и покриви на згради

Општина Ѓорче Петров распиша Јавен повик за субвенционирање и поддршка на станбени згради за колективното домување со проектот „Енергетски ефикасни домови“ во Општина Ѓорче Петров.

 

Субвенционирањето и поддршката ќе се врши со средства од Буџетот на општината за 2018 година. Предмет на јавниот повик е субвенционирање и поддршка на Заедници на сопственици или овластени Управители на станбени згради за колективното домување во Општина Ѓорче Петров за инвестиции со мерки за енергетска ефикасност во заедничките делови на згради за колективното домување во делот на: Енергетски ефикасна фасада и  Енергетски ефикасен кров.

 

Субвенционирањето ќе биде поддржано со финансиски средства од буџетот на Општина Ѓорче Петров, во висина од 30%, но не повеќе од 1.000.000 денари од вкупниот износ на вредноста на инвестицијата за секоја одобрена апликација. Право на учество на јавниот повик имаат сите Заедници на сопственици или Управители на станбени згради за колективното домување во Општина Ѓорче Петров кои се евидентирани во регистарот на станбени згради во општината и немаат долгови.

 

Услови и критериуми за учество на јавниот повик кои треба да бидат целосно исполнети од страна на потенцијалните корисници за субвенционирање се: станбените згради за колективно домување да бидат постари од 25 години, да имаат минимум 51% од сопствениците на станбени единици потпишана изјава за учество во проектот ЕЕД со мерки за ЕЕ за делови со заедничка сопственост на фасада и кров од станбените згради, да имаат минимум 70% од сопствениците на станбени единици потпишано за сопствено учество во проектот, одлука за реновирање на зградата, имотен лист.

 

Апликацијата за проектот „енергетски ефикасни домови“ во Општина Ѓорче Петров може да се подигне во Архивата на Општина Ѓорче Петров или од официјалната веб страница на Општина Ѓорче Петров: www.opstinagpetrov.gov.mk. Јавниот повик трае до 30.09.2018 година.

 

Пријавите треба да се достават до Општина Ѓорче Петров, најдоцна до 30.09.2018 година до 15:00 часот на последниот ден од завршувањето на Јавниот повик.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.