Во Ѓорче Петров започна традиционалниот турнир во мал фудбал

 

Со стартот на традиционалниот фудбалски турнир Геге куп, вчера започнаа повеќедневните активности за одбележување на Денот на општината, 20 септември.

Турнирот кој од 2001 година, секоја година се одржува во месец септември и привлекува голем интерес како од спортските екипи, така и од посетителите, повторно се враќа на игралишето во населбата Даме Груев, откако пред седум години беше дислоциран на игралиште во Ѓорче Петров.

 

Како што соопшти градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, задоволството од враќањето на старото име и локација на турнирот се забележува и по бројот на пријавени екипи. На турнирот ќе учествуваат 34 екипи, а натпреварите ќе ги судат судии распоредени од Фудбалската федерација на Македонија.

 

 

Спортот во општина Ѓорче Петров добива континуирана поддршка. Доказ за тоа е и влегувањето во првата фудбалска лига на клубот Македонија Ѓорче Петров. Покрај фудбалот Наумоски најави финансиска и логистичка поддршка, со цел развивање и на останатите спортови.

 

 

Фудбалскиот турнир Геге куп ќе се одржува секој ден, се до 23ти септември, за кога се закажани финалните натпревари.

 

.be

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.