Ѓорче Петров ќе се раззеленува на површина од 3.500 м2

 Голема акција за раззеленување на општина Ѓорче Петров започна денеска.

 

Почетокот на работните активности беше означен во населбата Даме Груев во присуство на градоначалникот на општината, Александар Наумоски, и директорот на ЈП Паркови и зеленило Адријан Муча.

 

Станува збор за уредување на дел од постоечките зелени порвшини, како и формирање нови тревни површини, на вкупна површина од 3. 500 метри квадратни.

 

Зеленилото како што информира Муча, ќе биде опремено со најсовремени системи за надовднување, а проектот ќе чини 3.000.000 денари.

 

Покрај општина Ѓорче Петров, планирано е до крајот на годината да се раззеленат и останатите оштини, на вкупна површина од 35. 000 метри квадратни.

 

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски информираше дека со овој зафат ќе бидат уредени детските паркови, зеленилото покрај коловозот како и внатрешноста на населбата помеѓу станбените згради.

 

Наумоски исто така упати апел до граѓаните совесно да се однесуваат со зеленилото и со урбаната опрема, со цел што подолготрајно нејзино користење.

 

.be

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.