Социјална патролна служба ќе ги посетува социјално загрозените лица во Ѓорче Петров
- Детали
- Категорија: Ѓорче Петров
- Создадено: 22 Февруари 2018
Со цел да им се помогне на социјално загрозените лица од Општина Ѓорче Петров, општината воведува социјална патролна служба која ќе ги посетува овие лица. Од опшината соопштуваат дека овие лица треба да остават контакт во месните или урбани заедници за да може да им се излезе во пресрет.
Општина Ѓорче Петров воведува социјална патролна служба која ќе посетува социјално загрозени лица или сиромашни семејства на територијата на оваа скопска општина.
- Сите социјално загрозени лица или семејства од Ѓорче Петров, кои се наоѓаат во ризик како што се сиромаштија, социјална исклученост, неписменост, се жртви на семејно насилство или бездомници, може да остават контакт-телефон во месна или урбана заедница, за да им излеземе во пресрет. - соопштуваат од општина Ѓорче Петров. После собраните податоци, патролната служба на терен ќе ги посети овие лица и ќе им даде соодветна помош. На официјалната интернет страница на општина Ѓорче Петров е поставен список на урбани и месни заедници и контакт броеви на кои граѓаните може да пријават социјален ризик.
Идејата на оваа социјална патролна служба е општината на овој начин колку може повеќе да им помогне во решавање на проблемите и потребите на овие категории граѓани.
Претставници од општина Ѓорче Петров беа во посета на Венера која е сместена во кумановското село Табановце, а дел од нејзиниот стан во Ѓорче Петров беше зафатен од пожар, при што почина нејзината мајка. При посетата и беше донирано храна и облека, а од општината се понудија да се помогне и во санација, реконструкција и опремување на опожарениот стан, но ги повикаа и сите правни субјекти, но и физички лица од општината, да излезат во пресрет за помош на ова семејство.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс