Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на Oпштина Гази Баба, Бобан Стефковски, информира дека повторно има дојави за бомби во пет училишта во Гази Баба.
 
Здружението Еко Звон од Скопје спроведува активности во основните училишта во Општина Гази Баба со цел да ги информира и едуцира учениците за штетното влијание на отпадот во животната средина.
 

Прекинато водоснабдување во делови од Скопје

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека денеска, поради поврзување на водоводна мрежа ф-250 мм во Парк-шумата Гази Баба, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од „Коце Металец“, „Душан Тасковиќ“ и „Гемиџиска“ во населба Железара, а во населбата Автокоманда прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Јани Лукровски и Ташко Караџа (висока зона) (општина Гази Баба).
 
Општина Гази Баба распиша конкурс за доделување стипендии на талентирани ученици и ученици спортисти од територијата на општина Гази Баба.
 
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на својата официјална страна на Фејсбук ги објави резултатите од теренската анкета:
 

Поради дефект, без вода дел од Гази Баба

ЈП „Водовод и канализација“ известува дека денеска, поради уличен дефект од ф 2 цола, на улицата Перо Наков бр. 105, во периодот од 8.30 часот, па сè до завршување на работата, без вода ќе останат корисниците од улицата Перо Наков, како и објектите на „Бонум“, „Бриколаж“ и неколку помали приватни станбени објекти лоцирани во нивна близина (општина Гази Баба).
 

Без вода делови од општина Гази Баба

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска поради менување на вентил на ул. Трифун Хаџи Јанев 12/2, во периодот од 8:30 часот па сè до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Христо Ботев и Бапчор – висока зона, како и дел од корисниците од улиците Трифун Хаџи Јанев и Ташко Караџа (општина Гази Баба)
 
Вработените во општина Гази Баба ќе добијат повисоки плати за 2.800 денари.
 
Вечерва со почеток во 19:00 часот на плоштадот во Автокоманда, општина Гази Баба организира музучки хепенинг под мотото “Семејството столб на општеството – Децата иднина на светот”.
 

Без вода дел од корисниците во Гази Баба

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач од ф-100 мм на Гемиџиска бр. 28, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
 

Паркот во Гази Баба збогатен со нови содржини

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве поставија нови парковски елементи изработени од дрво на повеќе локации во Паркот на природата „Гази Баба“.
 
Од вчера општина Гази Баба, со цел да ги стимулира жителите од својата општина за користење на електричен тротинет, на граѓаните кои ќе купат нов електричен тротинет во Република Македонија во период од објава на Јавниот повик, 3.5.2022 година сè до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на тротинетот.
 

Без вода неколку улици во Општина Гази Баба

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект од ф – 500 мм на ул. Перо Наков б.б. - кај бензинската пумпа на Дет Оил, во периодот од 13.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат објектите на фирмите Металски Завод, Текстил, Електрометал, Лек Љубљана и Вива Сокови.
 
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски целосно ги демантира наводите истакнати во денешната прес-конференција на политичката партија СДСМ како невистинити и со цел замајување на јавноста и граѓаните.
 
„Денеска СДСМ објавува скандал, основано сомнение за незаконско работење на градоначалникот на ВМРO-ДПМНЕ во Гази Баба, Бобан Стефковски. За целиот скандал поседуваме документи и докази доставени од страна на свиркачи“, истакна на денешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
 

Без вода неколку улици во Гази Баба

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 03.02.2022 година ( четврок ) поради уличен дефект од ф - 150 мм на ул. Бапчор б.б., во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од ул. Бапчор, како и дел од корисниците од ул. Лазар Поп Трајков и ул. Ташко Караџа – висока зона во општина Гази Баба.
 
Местењето тендери во СДСМ не е ништо ново, тоа е она кое што го говориме 4 години, тоа е она кое што го знаат граѓаните, тоа е она кое што сите го гледаат и имаат докази, само за жал ЈО и Антикорупциската Комисија немаат докази.
 
ОЈО да отвори постапка за набавката за осветлување на Борче Георгиевски и оштетување на буџетот на општина Гази Баба, бараат од ВМРО-ДПМНЕ.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.