НЕ - ПЛАСТИЧНИ КЕСИ - Кажи не на пластичните кеси! (ВИДЕО)

Најлонските кеси, кои се даваат во продавниците, а кои претходно беa бесплатни се најголемите загадувачи на животната средина.

 

Тие се насекаде околу нас и поради тоа оправданоста од овој проект  НЕ - ПЛАСТИЧНИ КЕСИ - Кажи не на пластичните кеси е придонес кон избегнување на создавање отпад кој има штетно влијание врз животната средина, со оглед дека нивното распаѓање трае повеќе стотици години, а ако горат поради хлорот содржан во нив, се ослободуваат канцерогени материи.

 

Проектот НЕ - ПЛАСТИЧНИ КЕСИ - Кажи не на пластичните кеси веќе цел месец се одржува во основните училишта во Општина Гази Баба, во организација на еколошкото здружение ЕКОЗВОН, а со поддршка од општината.

 

Учениците од ОУ Вера Јоциќ на едукативниот час активно придонесоа да се подигне јавната свест за штетното влијание од употребата на пластичните кеси и да се поттикне употребата на алтернативи на пластичните кеси. За тоа како помина едукативниот час во ова основно училиште погледнете во видеото.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.