Продолжува проектот НЕ ЗА ПЛАСТИЧНИ КЕСИ во училиштата во Гази Баба

Втората средба од проектот на ЕКОЅВОН поддржан од Општина Гази Баба - Не за пластични кеси се одржа во ОУ Наум Наумовски - Борче.

 

На едукативниот час, покрај претставници од здружението учествуваа ученици од различни одделенија, педагог, психолог, директор, наставник по биологија и член од родителски совет.

 

Целта на проектот е подигнување на јавната  свест за штетното влијание од употребата на пластичните кеси и со тоа да се допринесе за почиста и поздрава животна средина и да се поттикне употребата на алтернативи на пластичните кеси, да се влијае на намалувањето на прекумерната употреба на пластични кеси и создавање отпад кој штетно делува на животната средина.

 

Забраната за употреба на најлонски кеси е наметната од проблемот со нивната прекумерна употреба. Тие станаа наше секојдневие. Целта беше да се избегне создавање ваков вид отпад кој има огромно штетно влијание врз животната средина со оглед дека нивното распаѓање трае повеќе стотици години, а ако горат, поради хлорот содржан во нив, се ослободуваат канцерогени материи, вели Слаѓана Стаменкова од ЕКОЅВОН, главен иницијатор и реализатор на проектот.











Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.